Форум на тема „Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка“ ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Стопанската комора на Македонија, во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“, а во соработка и со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Целта на Форумот е да се отвори дискусија за фактичката состојба на секторот за туризам и угостителство во Македонија, како и негово развивање и поддршкa од страна на државата преку креирање нови туристички производи, услуги и алатки со цел да ја направат Македонија атрактивна туристичка дестинација.

На Форумот ќе присуствуваат претставници на бизнис заедницата, владини претставници, како и домашни и странски експерти кои ќе ги споделат своите искуства и ќе дадат предлози за развивање на секторот за туризам и угостителство, како и за усогласеноста на компаниите со законската регулатива во Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2018 10:38