Случаи на добри практики за зелена економија ќе бидат презентирани денеска во ЕУ инфо центарот во Скопје.

Целта е да се мотивираат земјите од Балканот да започнат да инвестираат повеќе во оваа област.

Презентацијата е дел од проектот GEAR-Green Economy for Advanced Region, финансиран од Европската унија. Проектот е фокусиран на подобрување на капацитетите на граѓанските организации од регионот кои се активни во секторот животна средина и клима за да ги застапуваат и промовираат концептите на зелена економија и зелено претприемништво.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2018 10:43