Предупредувањата за воведување прогресивно оданочување и нови даночни политики негативно ќе влијаат во туризмот, велат од туристичкиот сектор. Деканот на Факултетот за туризам во Охрид, Цветко Андреевски вели дека е неопходно уште еднаш да се размисли пред новиот данок да стапи на сила, објави „Алсат М“.

– Мислам дека она што сега се нуди како закон за измените во даночната сфера негативно ќе влијае особено во туризмот и хотелите, но особено и во приватното сместување, затоа што за киријата се менува даночна стапка за 50% а се намалува уделот на прифатливите трошоци на 30%. Ова ќе биде удар за приватните станодаваци, кои се застапени во голема мера а особено во Југозападниот плански регион”- рече Цветко Андреевски – декан на Факултетот за туризам.

Сите овие реформи ќе им ја отежнат работата на фирмите и практично овие регулативи ќе донесат дополнителни обврски кон самите компании. Тие не се однесуваат на секторот, туку се однесуваат на сите деловни субјекти. Ние, како систем на комори излеговме со став даночната реформа да се одложи за пет години”, рече Љубомир Димовски, претставник на бизнис заедницата.

Покрај тоа, се бара државата да дели субвенции во некои туристички сегменти. Постојниот модел ги опфаќа само тур-операторите кои носат странските туристи.

Долго време се обидуваме да го смениме овој модел на субвенционирање и субвенционирањето особено да го почуствува хотелиерството. Она што е важно за нас е дека угостителските капацитети за резервации и угостителски ресторани треба да бидат вклучени во субвенционирањето”, истакна Даниела Михајловска Василевски – Стопанската комора на Македонија.

За важноста на туризтичкиот сектор покажуваат и најновите податоци, според кои, во првиот квартал на оваа година, туристи потрошиле речиси 65 милиони долари за патување во Македонија, што е 26,5% повеќе од минатата година. Податоците беа објавени на Форумот за развој на стратешки туризам одржан во Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2018 04:08