Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ вчера имаше обраќање на Меѓународниот економски форум „Перспективи”, што се одржа во Загреб. Во своето излагање тој зборуваше за регионалната економска соработка која води кон подобра иднина на регионот.

Намалувањето на сите видови бариери, како што се царинските и транспортните олеснувања, признавање на лиценци и сертификати и олеснување на сите останати процедури ќе придонесе до значително поголема економска соработка на земјите во регионот, нагласи министерот Шапуриќ, с енаведува во соопштѕението од неговиот кабинет.

Тој, исто така, ја истакнал силната определба на Владата на Република Македонија за унапредување на економската и политичката соработка со сите земји во регионот. Исто така, ги презентираше и мерките за економски раст на Владата и укажа дека постои огромен потенцијал за заеднички настап на трети пазари на компаниите од земјите во регионот.

Во рамки на форумот Шапуриќ претседаваше и со една пленарна сесија, а подоцна во име на организаторот на форумот додели плакети на успешните компании од регионот, меѓу кои и на компанијата Тиквеш.

За време на престојот во Загреб Шапуриќ оствари и билатерални средби со Предраг Штромар, министер за градежништво и просторно планирање во Владата на Хрватска, жупанот на Загребачка Жупанија, Стјепан Кожиќ, државниот секретар Жељко Урлих, претседателот на ХНС Иван Врдољак, повеќе пратенци во хрватскиот Парламент и други преставници на институциите на Хрватска.

Шапуриќ, исто така, со жупанот Кожиќ и други претставници на централни и локални институции во Хрватска ја отвори прва Алеа на претприемништво во индустриска зона во регионот, која се наоѓа во околината на Загреб, каде се наоѓаат производни погони на повеќе светски и хрватски познати брендови , меѓу кои и фабриката за автомобили Римац.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2018 10:55