Десет компании денеска го добија признанието „Македонски квалитет 2018“ што традиционално, четврта година, го доделува Сојузот на стопански комори.

Манифестацијата се организира под покровителство на претседателот на државата Ѓорге Иванов кој во оваа прилика додели награди на две од 10-те компании.

-Зад ова признание стои напорна работа, верба и визија за промоција на македонскиот квалитет. Признанието е дополнителен поттик за 10-те добитници да продолжат да се развиваат, да вложуваат во својот развој и напредок и да работат на својот квалитет. Тие се веќе препознатливи брендови и допрва ќе ги освојуваат странските пазари. Нивниот успех е успех и на Република Македонија, истакна претседателот Иванов пред доделувањето на признанијата.

Според него, само со успешни стопански субјекти, Македонија може да очекува развој на економијата.

Признанијата „Македонски квалитет“ се доделуваат на компании кои во текот на годината постигнале значителни деловни успеси и со своите брендови се вид амбасадори на домашниот квалитет.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2018 12:54