Тренерот на екипата на Металург, Данило Брестовац пред натпреварот против Мешков Брест во недела во СЦ „Јане Сандански“ во СЕХА лигата, изјави дека очекува добар натпревар и тимот да ја продолжи нагорната линија во претставувањето.

Металурзите ќе го одиграат последниот меч дома за 2018 година, а досега запишаа само една победа и едно реми од 10 натпревари во регионалната лига и се претпоследни на табелата со 4 бода.

-Очекувам добра игра и дека се што работиме ќе продолжи во една нагорна линија, и во нападот и во одбраната. Имаме згуснат распоред, кај играчите се чувствува замор, но јас очекувам со добра игра да стигнеме до победа макар и со еден разлика. Ќе видиме со каков тим ќе пристигне Мешков, но сметам дека можеме до позитивен резултат, изјави Брестовац на денешната прес-конференција. Дуелот од 11.коло на СЕХА Лигата е на програмата во недела од 17:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2018 14:56