„Souvenir de Florence“ е насловот на камерниот концерт што ќе се одржи вечер (20:00) во Македонската филхармонија.

Станува збор за концерт на Гудачки октет составен специјално за настапот во Скопје, од музички уметници од Европа и од Македонија, со импресивна кариера зад себе: Лиса Јакобс (Холандија), Хед Јарон Мејерсон (Холандија), Владимир Костов и Мартин Димитров – виолини; Дритон Гаџа и Нора Романоф Шварцберг (САД, Австрија) – виоли; Иван Туркаљ (Германија) и Франческо Мариози (Италија) – виолончела. На програмата ќе бидат изведени делата: „Souvenir de Florence“ оп. 70 од Петар Илич Чајковски и Гудачки октет оп. 20 во Es-dur од Фелиск Менделсон

Гудачкиот октет е формиран специјално за концертот „Souvenir de Florence“ од страна на истакнатиот македонски виолист Дритон Гаџа, кој годиниве наназад живее и кариерата ја гради во Германија и во Австрија. Станува збор за осуммина музичари од Македонија и од Европа, со зад себе завидна кариера, со настапи во престижни концертни сали, со видни оркестри и диригенти, добитници на бројни меѓународни награди, виртуози на своите инструменти.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2018 15:23