По повод 16 дена активизам против родово базирано насилство вечер во кафе бар „Синдикат“ ќе биде поставена изложба на фотографии „Викторија“.

Изложбата, која е дело на Христина Христова, се состои од 10 фотографии од жртви на родово базирано насилство и насилство поради сексуална ориентација и ќе бидат на продажба за време на настанот. Фотографиите се со пропратна приказна напишана од страна на девојки и жени кои секојдневно се борат со искуството од кое нема криење.

Организатори на изложбата се Хелсиншкиот комитет за човекови права и ЛГБТИ центарот за поддршка Скопје, во соработка со Шелтер центарот „Сигурна куќа” и платформата за феминизам „Медуза”



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2018 15:39