Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ вчера во Гостивар го одржа завршниот годишен концерт. На сцената во Центарот за култура АСНОМ оркестарот и членовите на сите возрасни групи од фолкорната секција изведоа повеќе сплетови од ора и традционални песни.
Настапи имаа членовите на друштвото солистите пеачи Перо Пандилоски и Славко Зафировски.
ГАКУД „Браќа Ѓиноски” е најстарото културно уметничко друштво во Гостивар. Почетоците датираат уште од пред втората светска војна(1936) кога група млади гостиварски ентузијасти под името „Шијачки” се здружиле за да ги зачуваат традиционалните вредности и негуваат градските навики. Првиот официјален настап на друштвото е во 1950-та година, а се одржал во старата гостиварска Соколана.