Општина Центар соопшти дека веќе неколку години прави напори навремено да ги информира граѓаните за своите активности, со овозможување на полесен и побрз пристап до податоци. Центар е првата општина во Македонија која го воведе Географскиот информациски систем (ГИС) и од воведувањето, услугата е достапна и корисна за сите заинтресирани кои сакаат да се информираат за урбанистичкото планирање на општината.

ГИС порталот на Општина Центар, како што се наведува, ги содржи сите важечки детални урбанистички планови и овозможува графички преглед и пребарување на просторните податоци. Покрај деталните урбанистички планови, градежните и катастарските парцели, постои можност за пребарување по слоеви на градежни и катастарски парцели. Во зависност од потребата, слоевите можат да се вклучуваат или исклучуваат.

Со ГИС порталот се овозможува детален преглед на деталните урбанистички планови: намената на гра­дежните парцели, површината за градење, катноста, процентот на изграденост, изработувачот на планот, годината на донесување, но и можност за нивно превземање во .dxf формат. Со само неколку чекори, ГИС порталот овозможува директно учество во постапката за изра­ботување на деталните урбанистички планови. Регистрираните корисници на порталот мо­жат навремено да бидат информирани за деталите околу организирањето на јавна анкета за конкретен де­тален урбанистики план, истакнуваат од општината.

Со примена на ГИС порталот, посочуваат, се олеснува пристапот до податоци на граѓаните, а воедно се за­ште­дува и времето потребно да се дојде до потребна информација со која располага оваа те­хно­логија.

За поголема транспарентност пред граѓаните, општината работи на надградување на ГИС порталот со податоци за урбаната опрема: улично осветлување, канти, клупи, шахти и сли­чно, со што ќе се овозможат поголеми и подобри услуги, подобрена и побрза комуникација со гра­ѓаните, но и поголема ефикасност во работењето на службите на општината. Подетални информации за регистрирање и користење на услугата има во приложеното Упатство за ГИС порталот на веб страната на општината: centar.gov.mk



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2018 03:48