Компаниите да најдат начин да дојдат до добивка користејќи општествено одговорни практики и да креираат нови работни места за сите групи граѓани, порачаа учесниците на Форумот на добри компании „Нова економија: Бизнисите креираат еколошки, социјални и економски вредности“, што се одржува денеска во Скопје.

Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека Владата со соодветни политики ќе го поддржи развојот на компаните за кои има многу можности во време на брзи технолошки промени. Една од областите каде навистина има простор за подобрување, како што укажа, е социјалното претприемништво кое остварува завидни резултати во Европската унија.

– Како дел од директивите на ЕУ во новиот закон за јавни набавки од 2020 година предвидено е постоење на т.н резервирани набавки, односно институциите да можат одредени набавки да ги насочуваат кон фирми каде се ангажирани повеќе од 30 проценти граѓани од ранливите категории, рече Тевдовски потенцирајќи дека за тоа да функционира дотогаш ќе мора значајно да се подобри системот на контрола.

Министерството за труд и социјална политика годинава креираше законска рамка за социјални компании со цел да се регулира и да се поттикне функционирањето на овој важен и брзорастечки дел во економиите во Европската унија. Воедно, како што беше истакнато на конференцијата, во Македонија постојат многу примери на општествено одговорни организации, со најразлични активноисти, од грижа за најраниливи категории граѓани, преку подигнување на свеста за селектирање отпад па се до поддршка на идеи на млади и иновативни лица. – Во последните години во Македонија значајна општествено одговорна задача реализираат и странските компании кои пред се предводени од герамнските компании значајно го подобруваат системот на стручно образование во земјава, а многу важна улога играат и ЕУ и САД кои со пари на нивни даночни обврзници финансираат изградба на инфраструктура. – Овие промени се значајна доадена вредност на напорите на Владата за движење на земјата во позџитивна ансока, а тоа е повисок животен стандард на граѓаните, поголема грижа за ранливите групи граѓани, поквалитетно обарзование и здравство и поздрава животна средина, рече Тевдовски.

Според амбасадорот на ЕУ во Македонија Самјуел Жбогар, бизнисот не е веќе фокусиран само на профит, туку исто така и на грижата за животната средина и социјалните прашања.

– Бизнисите, владините институции и сите во општеството треба да се фокусират на наоѓање начини, треба да идентификуваат деловни процеси, нови пазари и врски и секако користење на технологија. Треба да најдат начин да дојдат до добивка користејќи практики кои се поволни за животната средина и за општетсвото. Да се креираат нови работни места за сите групи на граѓани, вклучувајќи ги и тие со посебни потреби. Тоа всушност подразбира подобрување на социјалните услуги и секако заштита на животната средина, рече Жбогар истакнувајќи дека компаниите кои се општествено одговорни можат да бидат лидери во намалување на загадувањето каде состојбата е алармантна.

Како што укажа Жбогар, ЕУ има развиено различни алатки за да се стимулира социјалната економија. Компаниите кои опфаќаат повеќе од 500 вработени треба да поднесат извештај за своето позитивно социјално влијание. Исто така. Комисијата има воведено блокчејн опсерваторија. – Блокчејн всушност се смета за најголема еволуција после интернетот. Земји членки на Словенија, Луксембрург, Малта веќе имаат придобивки, а тие се исти или помнали од вашата држава, така што се надевам дека денешната дискусија ќе ве инспирира и со тоа социјалната одговорност, рече Жбогар.

Петер Шалер, заменик шеф на миисијата на Амбасадата на Германија, потенцираше дека секое општество треба да се развива со вклучување на сите групи во работните процеси.

– Во секое општество постојат различлни групи на луѓе, со посебни потреби, зависници од дрога… Сакаме да постигнеме никој од таквите групи да не биде маргинализиран. Сакаме да ги вклучиме во работните процеси и тие да работат секој ден. Тоа не е одговорност само на државата, туку и на сите други организации. Компаниите треба да обезбедат работни места во ваквите групи во соработка со државата. Исто така треба да бидат вклучени и невладите организации, рече Шалер.

Гостите-говорници на третиот форум на добри практики кои годинава доаѓаат од Лондон, Единбург, Амстердам, Љубљана и од земјите во регионот, зборуваат за новиот тип лидерство кој го наметнуваат радикалните поместувања на пазарот, алатките за креирање успешни деловни одржливи практики (ГРИ), примената на блокчеин во одржливите процеси и за новите научни методологии за имплементирање галопирачки организациски и институционални промени.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 12:04