Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,50, а на дизел горивата за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена ЕУРОСУПЕР БС-95 е 61,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), апк, ќе се продава за 58,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 47,00 денари.

Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,789 денари и еден килограм ќе се чини 30,037 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 12:53