Со солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова, в четврток во 21 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе почне третото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“.

Пијанистката Иванова ќе ја изведе музиката на полскиот композитор Збигњев Прајснер, и тоа неговите дела за филмските остварувања „Абердин“, „Двојниот живот на Вероника“, „Три бои“, како и 10 едноставни пиеси за пијано.

Филмската програма на фестивалот се состои исклучиво од кратки филмови. Во официјалната селекција се 10 финалисти, придружната програма е составена од „Денс“ филмови на италијанскиот „Stories We dance“, додека во тематската селекција публиката ќе го изгласа најдобриот краток македонски филм.

Затворањето на фестивалот ќе го одбележи настапот на музичката група „Калевала“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 17:27