Селекторот на машката сениорска репрезентација Раул Гонзалез, го објави поширокот список на ракометари за престојното СП во Германија и Данска.

„Жолто-црвените“ се наоѓаат во групата „Б“ со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги играат во Минхен.

Македонија натпреварите ги започнува на 11 јануари против репрезентацијата на Јапонија, потоа на 13 јануари противник е Бахреин, ден подоцна Хрватска, на 16 јануари сениорите играт против Шпанија, во последното коло противник на Македонија е репрезентацијата на Исланд.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 18:53