За 50 проценти ќе се зголеми цената на паркингот во Градот Скопје, во денови кога загаденоста е неколку пати поголема од дозволената.

На седница Советот на град Скопје се одлучуваше за Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ЈП „Градски паркинг“, односно за измена на цената за час паркирање на јавните површини и на паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ во денови кога ќе бидат прогласени вонредни мерки поради надминување на праговите на алармирање на ПМ10 честички, соопштија од Град Скопје.

Со измената на оваа одлука, како што соопштија од градот, градоначалникот по прогласување вонредни и интервентни мерки во одредени денови поради загадувањето на воздухот, има можност да даде предлог на одредени паркиралишта цената за паркирање двојно да се зголеми само во тие денови. Во случај на енормно загадување на воздухот, ова би се применило во централното градско подрачје за да се стимулираат граѓаните кои патуваат во овој дел од градот да користат јавен превоз со цел намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа и намалување на количината на издувни гасови од возилата што го загадуваат воздухот, велат од Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 02:56