Репрезентацијата на Црна Гора ја победи Србија со 28:27 синоќа во Нант на Европското првенство во ракомет за жени. Ниту 12-те гола на Катерина Крпеж Шлезак не беа доволни Србинките да загубат од соседот и со тоа да останат без шанса за полуфинале.

За Црногорките ова беше втора победа во втората фаза од шампионатот и со евентуален успех на следнито меч против Данска, може да се надеваат на медал.

На првиот вчерашен дуел од четвртата рунда, Русија ја победи Данска со убедливи 32:21.

Табела Група-1: Русија 8 бода, Франција 5, Црна Гора 4, Шведска 3, Србија 2, Данска 2.

Денеска на распоредот се два натпревара од Групата-2: Шпанија – Романија (почеток 18 часот) Холандија – Норвешка (21 часот).



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 11:11