-Ве молам помогнете ми да го најдам моето синче. Излезе синоќа околу 20:00 часот и последен пат е виден во Ѓорче Петров (СК) во 22 часот. Излезен е со една бела Шкода, таблички SK1566AP. Ве молам помогнете ми, пишува мајката во објавата на Фејсбук.

Во коментарите таа додава дека телефонски не можат да го добијат од 7 часот утрово, а според неа помош немаат од полицијата.

Според коментарите на социјалните мрежи, автомобилот последен пат бил забележан денес околу пладне кај поликлиниката во Ѓорче Петров.

Мајка од Скопје бара помош да го пронајде својот исчезнат син


Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 03:41