Во Археолошкиот музеј на Македонија денеска ќе се одржи четвртата конференција „Неолитот во Македонија“.
Конференцијата ќе биде во чест на археологот Воислав Санев и на неа ќе се изложат 15 реферати што ќе бидат презентирани од македонски, српски, бугарски, грчки, италијански, британски и шпански археолози. Тие ќе говорат за најновите сознанија поврзани со неолитското културно наследство во Македонија и за научните проблеми што се однесуваат на бројни отворени прашања во рамки на предисториската археологија.
На овој научен собир ќе биде промовиран и зборникот на трудови „Neolithic in Macedonia: challenges for new discoveries“ кој е резултат од минатогодишната конференција.
За утре, Музејот најавува предавање на реноминираните грчки предисторичари, професорот Костас Котсакис на темата „New Light on the Earliest Neolithic in Greece and the Expansion of Agriculture in Europe“.