Основајќи се на принципот на отчет и транспарентност, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу го претстави Извештајот за едногодишната работа.
-Уште од самиот почеток на мојот мандат ми беше приоритет да одговорам на гласот на вашите барања чие извршување беше неодложно и предвидено во последните две страни од програмата насловена “Договор со граѓаните“, а се однесува на подобрување на патната инфраструктура (асфалтирање на улиците и бекатонизирање на тротоарите), подигнување на нивото на јавна чистота, создавање на зелени површини и нови забавни паркови за деца, вели градоначалникот.
Во извештајот се наведува дека за една година под надлежност на општината се асфалтирани 2.500 квадратни метри улици, санирани се тротоари во должина од 800 квадратни метри со асфалт и 2.500 квадратни метри со бекатон, добиен е грант од Светска Банка за реконструкција на калдрмата во Старата Скопска Чаршија и за развој на туризмот, нови паркови во населба Топанско Поле и Стар Чаир, реализирани се масовни акции на чистење на територијата на Општина Чаир од страна на сезонските работници, две фитнес зони на отворен простор, уредување на булеварот во близина на Бит Пазар со воспоставување на нова такси станица, садење на дрвја, поставување на столбови за попречување на паркирањето низ тротоарите и дислокација на продавачите на цвеќиња.
Градоначалникот соопшти дека 2019 година ќе биде продолжение на нивната динамична работа со тоа што ќе се изгради новата детска градинка „Бамби“, ќе се изгради училишниот базен, ќе се реконсктруира спортската сала “Партизан“, ќе се изгради новата општинска библиотека, нова читална, катна гаража, ќе се воспостави еднонасочен сообраќај во населба Топанско Поле, Гази Баба и Стар Чаир.