Изложбата насловена „Етно записи” на академскиот сликар Драги Хаџи Николов од Гевгелија, беше отворена во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци. Изложени се дваесетина дела изработени со масло на платно.
-Темата е етно мотиви, нешто на што работам во последните петнаесетина години, по што сум препознатлив, рече авторот, нагласувајќи дека во неговите дела ги реинкарнира на некој начин предметите од минатото, што и самиот ги поседува и ги слика.
Хаџи Николов изрази задоволство од соработката со кавадаречкиот културен дом, но и од тоа што се претставува во градот од кој потекнуваат значајните ликовни уметници како Мазев, Чемерски, Шемов и други. Тој потсети дека редовно учествува во ликовната колонија која ја организира Кавадарци.