Во Македонската опера и балет синоќа се оддржа првото издание на музичкиот фестивал на забавни песни на албански јазик, „Бум фест“.

Настапија многу еминентни пејачки имиња од Македонија, Косово и од Албанија, како и голем број дебитанти.

На поздравниот говор министерот за култура Асаф Адеми изрази уверување дека овој фестивал ќе придонесе за квалитетот на продукцијата на песните на албански јазик и афирмацијата на музичката традиција од областа на забавната музика.

-Во насока на стимулирање и унапредување на популарната забавна музика, Министерството за култура го поддржа првото издание на овој фестивал кој верувам дека ќе даде придонес кон создавањето на квалитетна и високопрофесионална естрадна сцена, рече министерот Адеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 18:57