Екипата на Вардар го совлада Татран Прешов со 23-21 (10-9) во меч од 12.коло од СЕХА лигата. За “црвено-црните” ова е 10-та победа со која се зацврстија на првата позиција на табелата во регионалната лига. Двата тима одиграа изедначен дуел, кој беше решен во последните десет минути.
Најефикасен во составот на Вардар е Карачиќ со 6 гола, додека Дисингер постигна 3. Кај гостинот, Лапајне постигна 6 гола. Вардар се среќава со Стеауа во Романија во последниот меч во СЕХА лигата годинава.