Втора јавна дебата за Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата ќе се одржи денеска во Кинотеката на Македонија во организација на Министерството за култура.

На дебатата најавено е учество на субјекти од институционалната и од вонинституционалната сфера во културата, кои ќе дадат свој придонес во оваа фаза на изготвување на законот, во чиј Предлог-текст се вклучени дел од забелешките и предлозите што беа добиени по одржувањето на првата јавна расправа, во јуни 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2018 10:19