Мечот на Лук Скајвокер од оригиналниот филм „Војна на ѕвездите“ е повлечен од наддавање во Лос Анџелес, по сомнежите на верните обожаватели дека се работи за фалсификат, соопшти аукциската куќа „Профајлс ин Хистори“.

Во описот на предметот се наведува дека тој меч е израбоотен од дизајнерот оскаровец Роџер Кристијан, за потребите на „Нова надеж“ – првиот филм од сагата од 1977 година.

Мечот првично е проценет на 200.000 долари. Наддавањето е откажано по интернет дискусија на обожавателите за тоа дали тоа е вистинскиот меч или не. Следува процес за утврдување на неговото потекло и автентичност.

– Светлосниот меч повторно ќе го понудиме на аукција откако Кристијан ќе ги разјасни сите недоумици, изјави Џо Мадален, извршен директор на аукциската куќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2018 22:59