Европската комисиja oбjaви обновена листа за контрола на интернет страниците и списанија со седишта вон Европската Унија што објавуваат пиратски содржини.
Листата се изготвува со цел надлежните да преземат мерки за прекин на незаконската активност и заштита на интелектуалната сопственост.
– Непочитувањето на интелектуалната сопственост претставува удар врз севкупната европска економија, зашто така се намалуваат инвестициските и буџетните приходи, како и работните места во нашите творечки и иновативни индустрии. Листата за надзор на криумчарењето и пиратеријата е дел од пообемните наши напори за гарантирање дека европските компании можат да дејствуваат рамноправно и вон границите на ЕУ и дека кориснииците од ЕУ се заштитени, изјави еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром.
Според податоците на извештајот, заработката од пиратеријата на годишно ниво во светски рамки е околу 338 милијарди евра.
Следат најчестите видови интернет страници кои се цел на посебен надзор:
1. „Киберлокери“ – тоа се оние сајтови за зачувување и споделување на датотеки во облак, на пример. Содржините се управуваат од самиот сопственик на страницата, при што на неа може да се прикачат и легални, и нелегални содржини.
2. Стриминг страници за гледање филмови, ТВ серии, и платформи за смнување музика, книги, видео-игри и компјутерски програми: WWWPromoter, rapidgator.net (rg.to), uploaded.net (ul.to, uploaded.to), openload (oload.tv, openload.co, openload.io, oload.stream, openload.link, openloadmovies.net), 4shared.com, sci-hub.tw/#about, libgen.io, ibgen.pw, lib.rus.ec, bookre.org, booksc.org, book4you.org, bookfi.net, b-ok.org, H2converter.com, downvids.net, fullhdfilmizlesene.org, seasonvar.ru, dwatchseries.to, 1channel.ch, rnbxclusive.review, ThePirateBay.org, rarbg.to, rutracker.org, Torrentz2.eu, 1337x.to, Mp3va.com, Mp3caprice.com, Popcorn Time и други.
3. Страници за симнување пиратски мобилни апликации.