Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал, кој е двократен олимписки и петкратен светски шампион, победи по петти пат во Супер-Џи во Вал Гардена (2009, 2012, 2013 и 2015 година) и вкупно за седми пат на оваа патека, откако има и два успеси во спуст (2015 и 2017).

Втор, на 5 стотинки од секундата, денес заврши претставникот на домаќините Кристоф Инерхофер. Уште еден Норвежанец влезе во првите тројца – Кетил Јансруд, на 27 стотинки зад неговиот сонародник.

Олимпискиот шампион во Супер-Џи од Пјончанг 2018, Матијас Мајер (Австрија) остана седми со резултат 1:29.48 минута. Четворица Норвежани завршија меѓу првите осум во трката, откако Александар Амод Килде финишира петти.

По победата, Аксел Лунд Свиндал излезе на чело во генералниот пласман сезонава со 297 поени. Тој има 17 поени пред седумкратниот светски првак Марсел Хиршер (Австрија). Трет е Макс Франц (Австрија) со 260 поени.

Во поредокот за малиот кристален глобус во Супер-Џи води Свиндал со 205 поени, пред Кетил Јансруд со 186 и Мауро Кавизел (Швајцарија) со 164 поени.

Утре во Вал Гардена претстои спустот за мажи.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2018 16:54