Осмото издание на меѓународната манифестација „100 илјади поети за промена“ ќе се одржи вечер во Струмица во организација на Глобалното движење „100 илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“.
На манифестацијата ќе бидат изложени плакати, ќе биде промовирана збирката поезија и ќе има поетското читање на дел од поетите кои се застапени во стихозбирката.
На конкурсите годинава, како што велат организаторите, се вклучени повеќе од 200 поети и 20 дизајнери.
Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои учествуваат на манифестацијата, обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, како и со ранливите општествени групи.
Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ – меѓународна манифестација која годишно се оддржува во повеќе од 50 држави, меѓу кои е и Република Македонија.