Општина Центар во соработка со здружението „Банка за храна“ денеска почнуваат акција „Нула глад“.
Почетокот на акцијата ќе го означи градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, кој пред просториите на ЈП „Паркинзи на општина Центар“, ќе додели 150 пакети со храна и прехранбени производи на семејства со висок социјален ризик.
Акцијата е поддржана од маркетите Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит Го.