Во Македонската филхармонија вечер ќе се одржи добротворен концерт на американска музика „Christmas in New York“ во изведба на Биг бендот на Здружението на џез музичари под диригентската палка на Џијан Емин. Како солисти ќе настапат Ирина Карамарковиќ од Грац и Џон Илија Апелгрин.

Средствата од концертот ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Во рамки на настанот ќе биде доделена и годишната награда на Македонско – американската алумни асоцијација (МААА), која е организатор на концертот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2018 11:23