Репрезентацијата на Словенија ќе и биде противник на Македонија во бараж за женскиот ракометен Мундијал што ќе се игра во 2019 година.

Првата средба ќе се игра во Македонија на крајот на мај или почетокот на јуни, а реваншот е по седум дена на теренот на словенечките репрезентативки.

Победникот од бараж двомечот ќе обезбеди учество на СП 2019 во Кумамото, Јапонија во период од 30 ноември до 15 декември 2019 година.

Двојки за бараж за СП 2019 извлечени денес во Париз:

Македонија – Словенија

Хрватска – Германија

Данска – Швајцарија

Шведска – Словачка

Белорусија – Норвешка

Србија – Полска

Чешка – Црна Гора

Шпанија – Исланд

Австрија – Унгарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2018 00:22