Во организација на Коалицијата МАРГИНИ вечер ќе биде отворена изложбата на фотографии „Девојките од Скопје“ на фотографката Лепа Георгиевска. Ова е прва изложба на фотографии од неколку трансродови девојки од Македонија.
Лепа Георгиевска е портретна и модна фотографка, фасцинирана од брилијантноста на човековата индивидуалност и уметноста на изведувањето. Во последните години Лепа има живеено и работено во Милано, Лондон и Сингапур. „Девојките од Скопје“ е нејзин втор уметнички проект кој вклучува портрети од транс жени, по „Убавиците на Банкок“ со кој се има претставено во Банкок и Милано. Настанот, што ќе се одржи во Кафе и филм Котур, дополнително ќе го обогати и Ивана Драгшиќ со ДиЏеј сет. Изложбата е дел од деновите за борба против насилството врз сексуалните работници што Коалицијата ги организира во партнерство со STAR – The first Sex Workers collective in the Balkans, и е финансиски е поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија.