Амбасадата на САД во Киев ги поздрави Украинците за формирањето автокефална православна црква. Објавата беше на официјалната страница на дипломатската мисија на Твитер.

– Ја поздравуваме Украина за историскиот собор и формирањето независна Украинска православна црква и силно го поздравуваме митрополитот Епифаниј за неговиот избор за челник на новата црква, се вели во соопштението.

– Го поддржуваме правото на сите Украинци да веруваат по сопствено убедување, се доава во соопштението.

Цариградскиот патријарх Вартоломеј планира да му врачи на митрполитот Епифаниј томос (указ) за автокефалност на 6 јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2018 11:24