Домаќинот на Европското првенство за ракометарки, репрезентацијата на Франција го освои златниот медал, откако вечерва во финалето ја победи Русија со 24:21 (13:12).

Поранешната вардарка, Александра Лакрабер со шест погодоци беше најефикасна во победничкиот тим.

Најмногу погодоци во рускиот состав, водено и натпреварот постигна Вјакирева – седум.

„Триколорките“ го освоија првиот наслов европски шампион.

Русија е четирикратен светски првак, но и понатаму останува без европско злато. Досега има две сребра и две бронзи од континенталните шампионати.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 01:23