Жителите на Луксембург и Германија имаат највисок животен стандард во ЕУ, додека на дното се Унгарија, Хрватска и Бугарија, покажува истажување на Евростат.

Највисоко ниво на реална потрошувачка по жител, изразена преку паритет на куповна моќ, бележи Луксембург, со 30 отсто над просекот на ЕУ.

Следува Германија со стандард кој е поголем за една петина од просекот на Унијата.

Во другата група се Австрија, Данска, и Велика Британија, кај кои реалната потрошувачка по жител, мерена преку паритетот на куповната моќ, во 2017 година се движела меѓу 15 до 20 отсто над просекот на ЕУ.

Во Белгија, Финска, Холандија, Шведска и Франција потрошувачката била 10 отсто над просекот.

Евростат наведува дека само десет земји од ЕУ во 2017 година биле над просекот на ЕУ.

Земји со најниско ниво на потрошувачка во жител, повеќе од 30 отсто под европскиот просек, се Романија, Литванија, Хрватска, Унгарија и Бугарија.

Во Хрватска вистинската потрошувачка по жител мерена со паритет на куповната моќ минатата година изнеслувала 38 отсто под просекот на Унијата.

Евростат истражувањето го спорведе и во земјите кои не се членки на Унијата. Табелата покажува дека Македонија го дели претпоследното место заедно со БиХ за потрошувачка по глава на жител.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 02:20