Украинските власти подготвуваат оружена провокација на границата со Крим во последните десет дена од декември, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

– Украинскиот претседател Петро Порошенко планира оружена провокација на границата со Русија, на границата со Крим, во текот на последните десет дена од декември, истакна Лавров.

Тој додаде дека Русија ќе и одговори на Украина доколку дојде до провокации.

– Ќе зажалат за тоа. Ова е наша држава, наша граница. Нема да му дозволиме да ги брани своите интереси на начин доследен за него и да ги прекрши тие права, рече Лавров.

Тој нагласи дека според податоците до кои дошле руските власти, Порошенко „планира провокација во координација со своите западни спонзори“.

– Го советуваат да одржува борби со низок интензитет, за тие да имаат можност да продолжат со пропагандата дека Русите спроведуваат офанзива против Украина и дека тоа е причина да се воведат некои нови санкции кон Русија, истакна Лавров.

Тој нагласи дека Русија постојано се соочува со провокации од официјален Киев.

– Нашите надлежни служби работат се што е неопходно за да ги откријат тие обиди, потенцира Лавров.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 12:34