Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека САД се обидуваат да ги ограничат можностите на турските сили во Сирија и да ја спречат Анкара да спроведе воена операција во областите источно од реката Еуфрат.

– Турција досега не дозволи такво однесување и нема ни сега да дозволи. Преку тие активности, САД имаат за цел да го намалат нашиот простор за воени маневри, изјави Сојлу.

Тој потсети дека Турција веќе спроведе две операции во Сирија – „Еуфартски штит“ и „Маслинова гранка“, и покрај американските контрамерки и закани.

Турција дека ќе продолжи со планираните напади на курдските екстремисти во северна Сирија.

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган минатата недела изјави дека Турција ќе покрене нови напади против силите на сириските Курди, по што Турција дека денеска инфромира дека ќе продолжи со планираните напади врз „курдските екстремисти“ во северна Сирија.

Пентагон, како реакција на најавата на Турција дека ќе започне офанзива во северна Сирија, на Твитер објави дека тоа е „неприфатливо“, притоа изразувајќи голема загриженост.

Во меѓувреме, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Гашеми изјави дека турската операција против курдските борци во Сирија може да ја усложни реализацијата на договорите склучени во текот на процесот во Астана, доколку активностите на Анкара не се во согласност со Владата во Дамаск.

– Нашата позиција останува непроменета – ниту една земја не може да преземе никакви операции на територијата на Сирија без дозвола од централната Влада, рече Гашеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 13:56