Европска комисија денеска реагираше на дезинформации кои се шират за договорот за имиграција на Обединети нации.

– Договорот промовира соработката меѓу земјите по прашањата за имиграцијата, вклучувајќи го и враќањето на илегалните имигранти, прави разлика меѓу имигранти и бегалци, ги признава основните човечки права, дава рамка на начините во борбата против илегалната имиграција, ја признава потребата од заштита на границите за зачувување на безбедноста, како и автономијата на земјите по прашањата поврзани со имиграцијата. Договорот не е правно обврзувачки, не воведува незаконско право на имиграција и не промовира нелегалната имиграција, изјави денеска портпаролот на ЕК.

– Да речеме, ова е нашиот начин на борба против дезинформации за ова прашање. Имаме скромни можности, координација меѓу сите земји на ЕУ, рече тој.

Портпаролот го цитираше претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, дека би било добро за оние кои се загрижени за документот, прво да го прочитаат.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 15:17