Во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура- Крива Паланка, денеска се отвори изложбата „Ѓуриште 2018“, ликовна колонија од 27 дела.

Изложбата се поставува првпат по изработката на делата во амбиентот на манастирскиот комплекс Пресвета Богородица во локалитетот Ѓуриште, Светиниколско.

-Колонијата се одржа по тринаесетти пат од формирањето, по четири години пауза, оваа година на голема врата се возобнови колонијата, со поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот на Свети Николе Сашо Величковски.

Создадени се 29 дела, работени во акрил и масло на платно, на слободна тема, инспирирани од поднебјето на Светиниколско и манастирот, информира Димитар Лазов, уметнички координатор на колонијата.

На овогодишната колонија одржана од 13 до 18 август, под капата на Дом на културата “Крсте Петков Мисирков”, Св.Николе учествувале уметници од Бугарија, Македонија и Србија.

По ова прво гостување на изложбата во Крива Паланка, следуваат изложбите во Куманово и Пробиштип, а оттаму и во останатите центри за култура во Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 20:19