Ѕвездата на серијалот филмови „50 нијанси сива“, Џејми Дорнен ја продава вилата сместена во елитен дел на Холивуд Хилс, што актерот ја купи во 2016 година.

Имотот „Николс Кањон“ има три спални соби, четири бањи, простран двор за скара и забави покрај базенот.

Целиот простор зафаќа површина од околу 250 квадратни метри и е дело на познатиот архитект Едвард Фикет.

Дорнен својот луксузен дом го купи по цена од 2,84 милиони долари, а се надева дека ќе го продаде за 3,195 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 23:27