Поради незаконско ловење елени и срни, ловец од американската сојузна држава Мисури е казнет со доживотна забрана за лов, една година затвор, и додека е во установата еднаш месечно да го изгледа цртаниот филм „Бамби“.

Дизниевиот цртан од 1942 година е познат по тажниот почеток, оти ловци ја убиваат мајката на малата срна Бамби.

Дејвид Бери Џуниор е уапсен за ловокрадство кон крајот на август 2016 година, но истрагата и собирањето докази против него заврши неодамна со пресуда дека е виновен. с



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2018 12:45