Поттикнување на соработката меѓу Црвениот крст и партнерските организации за да се воспостават одржливи партнерства и да се обезбеди проектна поддршка за општествено социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на ранливите категории во заедницата има за дел денешниот 9-от Партнерски состанок што го организира Црвениот крст на Република Македонија.

Партнерскиот состанок ќе го отвори генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, како што соопштуваат од Црвениот крст, на настанот треба да се обрати министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2018 13:34