Во Соборниот храм „Свети Никола" во Штип синоќа на свечената академија по повод чествувањето на празникот „Свети Никола" од страна на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочвраски беше врачен орденот на генерал Стојанче Ангелов, а признанијата на Штерјо Наков бизнисмен и почесен конзул на Романија во Македонија, потоа на Бранко Азески претседател на Стопанската комора на Македонија и почесен конзул на Црна Гора во Македонија и на компанијата Пеком инжињеринг од Штип.
-Добивањето на овој орден од мојот народ, од моите сограѓани од Општина Штип и од градоначалникот, Благој Бочварски е голема чест. Јас сум навистина изненаден и искрено благодарен, особено ако се земе во предвид дека ова е прво признание од нашата држава што го добивам и воедно сакам да го честитам големиот празник „Свети Никола", кој е и заштитник на градот, вели Ангелов.
Азески, кој го доби прзинанието Свети Никола за градот Штип забележува дека неговото поставување за почесен конзул на Црна Гора со седиште во Штип е со цел да ги поттикне бизнисмените од источниот регион на поголема соработка и размена со колегите од Црна Гора.
-За мене е голем предизвик да помогнам во поттикнувањето на извозните активности на фирмите од источна Македонија. Затоа што некако се лебди тоа дека се запоставени во однос на Скопје и западот и тоа го чинам, еве сум среќен што градоначалникот и општината ја препознале таа моја активност и со тоа ме обврзале во наредниот период да истрајам, во таа работа, вели Азески.
На свечената акдемија по повод празникот Свети Никола беше промовирано и „Житието за Свети Јован Битолски Шангајски", а средствата од првите продадени 400 книги ќе одат за лекување на дете од Кочани, а исто така беше промовирана и химната на Лесновскиот манастир.