Два прочистувачи на воздух за детското и гинеколошкото оддление во тетовската Клиничка болница беа поставени денеска како донација од компанијатата „Дајкин“, во соработка со невладината организација „Мајка и дете“ од Тетово.

-Во Тетово донацијата е и повеќе од потребна. За жал институциите не доведоа до ваква состојба да мораме да вградуваме прочистувачи на воздух, наместо да го решат проблемот со загадувањето, рече Елмедина Абдулаи од организацијата „Мајка и дете“.

Вработените на детското одделение се задоволни, но сметаат дека се потребни уште прочистувачи поради тоа што на оделението речиси секогаш има многу деца-пациенти.

-Благодарни сме за донацијата, навистина ќе ни биде од голема корист особено сега кога се соочуваме со сериозен проблем како аерозагадувањето, но потребни се уште вакви апарати. Тука често има голема бројка на пациенти, изјави педијатарот д-р Султана Асани.

Во рамки на оваа активност беа донирани вкупно шест прочистувачи за воздух во три градови во Македонија – Скопје, Тетово и Гостивар. Во Гостивар двата прочистувачи се доставени во детски градинки.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2018 13:49