Содржини посветени на македонската и светска книжевност, со акцент на италијанската поезија носи на своите страници 64-иот број на списанието за книжевност и култура АКТ.

Со поезија се застапени Раде Сијлан, Благоја Самоников, Славе Ѓорго Димоски, Наташа Сарџовска, Исток Улчар и Перица Сарџовски. Италијанската поезија е застапена со претставување на 15 поети, а во рубриката „препеви“ се објавени Тања Вујовиќ-Костиќ и Родољуб Чориќ од Црна Гора и Тами Хо Лаи-минг од Хонгконг. Со проза се застапени Блаже Минески и Јагода Михајловска – Георгиева, а во рубриката „критички осврти“ свои прилози објавуваат Виолета Танчева-Златева. Димитар Пандев, Кристина Николовска и Стефан Марковски.

Со поебни прилози се одбележани 25 години од смртта на Чедо Јакимовски и заминувањето на Горан Стефановски и на Вера Чејковска. Трајче Кацаров е застапен со својот најнов драмски текст.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2018 17:43