Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА денеска организира завршна презентација од проектот „Млади Европејци – Млада Европа на Балканот“, поддржан од Министерството за култура.
Проектот е предвиден како составен дел од поширока годишна програма на Културниот центар „Млада Европа на Балканот“ на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во соработка со ЈП Македонски железници – Инфраструктура.
Настанот ќе опфати сценска презентација на книгата „Европа наш заеднички дом“ од Жан Моне, во издание на ЕФТА, проекција на краткиот филм „Европа мојот идентитет“ – резултат од тригодишниот проект изработен од студенти од Македонија, Франција и Германија, како и изложба на фотографии од студенти, насловена „Европа овде, Европа таму“.