Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти во Македонија (МЦАА) денеска од 17 часот во „Јавна соба“ ќе организира разговор со стипендистката од Фиџи Рошика Део за нејзиното искуство и вклучување на жените во политика во кревките средини.

Таа е неколкупати наградена за нејзините достигнувања и посветеност кон заедницата. Во 2013 година Рошика Део беше номинирана за наградата на „Амнести интернешнл“ за бранител на човековите права. Наредната година ја доби Меѓународната награда за храбрите жени од страна на американскиот државен секретар, доделена од тогашната прва дама на САД, Мишел Обама.

Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти во Македонија постои од 2005 година и обединува над 200 стипендисти, кои студирале на некои од најпрестижните британски универзитети и веќе даваат придонес во јавниот и приватниот сектор, во различни сфери од општествениот живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2018 18:49