Сојузот на литературни преведувачи на Македонија денеска на свечен собир ќе ги додели годишните награди за книжевен превод.

Советот на последната седница донесе одлука со која Паскал Гилевски е прогласен за лауреат на Преведувачката повелба 30 септември што се доделува на афирмиран книжевен преведувач за животно дело.

Наградата за книжевен превод „Кирил Пејчиновиќ“ и се доделува на преведувачката Марија Саревска-Тодоровска, а наградата „Абдуљазис Ислами“ за книжевен преведувач од албански на македонски јазик и обратно годинава ќе и биде доделена на Делвина Крлуку за нејзиниот препев од албански на македонски јазик на нејзината поетска книга „Есенски секнувања“.

Наградата „Златно перо“ за најдобар книжевен превод во календарската година ќе им биде доделена на Душанка Каевска за нејзиниот превод од германски на македонски јазик на делото „Триесеттата година од Ингеборг Бахман“, на Игро Поповски за неговиот превод од шпански јазик на делото „Пофалба на маќеата“ и на Анета Матовска за преводот од турски јазик на делото „Волшебните очила“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2018 12:08