Општина Струмица продолжува со асфалтирање улици во населените места. Вчера се асфактираше улица во должина од 400 метри во селото Костурино, позади основното училиште.

Од Општината инфомираат доколку дозволат временските услови во наредните денови ќе се асфалтира и улица во должина од 300 метри во населеното место Раборци, а во Попчево ќе се изврши проширување на улицата на влезот во селото.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2018 12:20