Ракометарите на „Охрид“ со победа стартуваа на Меѓународниот турнир што се одржува во холандскиот град Сомерен.

Популарно наречените „Гладијатори“ со 32-24 славеа над тимот на „Херкулес“, во натпреварот што почна со минута молчење како почит кон ненадејно починатиот градоначалник Јован Стојаноски, кој беше голем подджувач на ракометот и спортот воопшто.

РК „Охрид“ вечерва игра против „Крас Волендам“ екипата што минатата година охриѓани ја елиминираа од ЕХФ – купот.

Машкиот и женскиот состав на охридскиот ракометен клуб за Холандија отпатуваа минатата седмица, каде според распоредот треба да одиграат по три натпревари.

Предвидени се и средби со претставници на локалната власт на градот Сомерен.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2018 16:01