Денес се одиграа последните натпревари од младинскиот меѓународен ракометен турнир, кој се одржа во Скопје во организација на Ракоментната Федерација на Македонија.

Победник на турнирот е селекцијата на Унгарија откако ја совлада А селекцијата на Македонија со 20:19 (13:8).

Б македонска селекција пак забележа победа со 22:21 (10:9) во дуелот против врсниците од Полска, кои на крајот завршија како трето рангирани, а нашата Б селекција на петтото место.

Репрезентацијата на Србија со победата над Црна Гора со 26:21 (11:10), го освоија четвртото место на турнирот, а Црногорците останаа последни.

По завршување на последниот натпревар се одржа кратка церемонија на која беа доделени пехари за најуспешните селекции од страна на директорот на сениорската Македонска репрезентација Милчо Чакаревски и ген. Секретар на Ракометната Федерација на Македонија Филип Милошевски.

Резултати од последното коло:

09:30 часот – Србија – Црна Гора 26:21 (11:10) 11:00 часот – Полска – Македонија Б 21:22 (10:9) 12:30 часот – Унгарија – Македонија А 20:19 (13:8).



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2018 17:20